Спактакуларна најава на Милан со „Јутро је“, на крајот им се стемни на Росонерите (Видео)

Манчестер јунајтед го доби европскиот фудбалски класик и со победа од 1:0 на „Сан Сиро“ го елиминира Милан во осминафиналето во Европа Лигата.

Почетокот беше спектакуларен, а на култниот стадион во Милано на загревањето ечеше хитот на Нада Топчагиќ, „Јутро је“. Сепак на крајот им се стемни на Росонерите, кои загубија со вкупен резултат од 1:2 и ќе чекаат друга шанса за европски трофеј.

Црвените ѓаволи успеаја да победат во Милано со голот на Пол Погба во 49. минута. Поранешниот играч на Јувентус и некогашен голем ривал на Милан во мечевите од Серија А беше најприсебен во гужвата пред голот на домаќините и погоди за пласман во четвртфиналето во Европа Лигата.

https://twitter.com/goaaal746/status/1372657186158092294?s=20

Во остганатите мечеви, последни во реваншите во осминафиналето, Славија Прага приреди изненадување со победа од 2:0 против Глазгв Ренџерс на гости и со вкупен резултат од 3:1 мина понатаму.

Во четвртфиналето се и Вилјареал по победата од 2:0 и вечерва против Динамо Киев и Ајакс, кој со идентичен резултат го победи Јанг Бојс на гости.

Утре ждрепката за четвртфиналето во Европа Лигата од 13 часот ќе ја чекаат Динамо Загреб, Рома, Арсенал, Гранада, Славија Прага, Манчестер јунајтед, Ајакс и Вилјареал.

- Оглас -

Најнови вести