Се знаат и можните полуфинални дуели во ЛШ, ќе биде голема борба

Победникот од четвртфиналниот двомеч меѓу Реал Мадрид и Ливерпул, во полуфиналето ќе го чека подобриот од двомечот меѓу Порто и Челзи, беше одлучено на ждрепката Нион.

Вториот дел од „костурот“ на ждрепката одлучи дека подобриот од двата меча меѓу Манчестер сити и Борусија Дортмунд ќе игра со еден од двата лански филанисти, Баерн Минхен или Пари Сен Жермен.

Најдобрите два тима во Лигата на шампиони ќе играат во финалето на 29 мај во Истанбул. Пари Сен Жермен и Манчестер сити се единствените два тима кои никогаш во клупската историја не биле на тонот на Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести