Динамо Загреб сега доби предизвик да елиминира тим од Шпанија во ЛЕ

Хрватскиот првак Динамо Загреб во чии редови настапуваат македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе игра против Вилјареал во четвртфиналето од Лигата на Европа, реши ждрепката во Нион.

ЧЕТВРТФИНАЛНИ ДУЕЛИ

Гранада – Манчестер јунајтед

Арсенал – Славија Прага

Ајакс – Рома

Динамо Загреб – Вилјареал

Во полуфиналето подобриот од Динамо Загреб – Вилјареал ќе игра со побендикот од Арсенал -Славија Прага, додека втората полуфинална двојка ќе биде меѓу победниците од Гранада – Манчестер јунајтед и Ајакс – Рома.

Првите мечеви од четвртфиналните дуели ќе се играат на 8 април, а реваншите се закажни за 15 април. Победниците ќе обебзедат место во полуфиналето, а првиот меч од оваа фаза ќе се игра на 29 април, додека реваншите се закажани за 6 мај.

Победниците од полуфиналните двобои ќе се борат за трофејот и тоа на 26 мај на „Гданск арена“ во Полска.

- Оглас -

Најнови вести