Две уплати во главниот град Скопје синоќа донесоа неверојатни добивки. Играч кој уплатил во Чаир, 100 вложени денари, успеал да добие дури 850.000 денари. Само четири натпревари му биле доволни за ваква неверојатна добивка. Се работи за мечеви од англиските пониски лиги, а играта е дека на сите четири до полувреме ќе има три погодоци, а до крајот на мечот, односно во текот на 90 минути двете екипи да дадат барем по еден гол. Ливчето е добитно уште по завршување на првите 45 минути.
Првиот меч меѓу Оксфорд и Рочдејл бил погоден уште по првите 30 минути, кога домаќините водеа со 2-1. Интересно е што и на останатите три погодени дуели домаќините на полувреме имале предност од 2-1. Тоа е и еден од посакуваните резултати за ливчето да биде добитно.
НЕВЕРОЈАТНАТА УТКА НА РОМА И ПОГОДОКОТ НА ФЕЛАИНИ ДОНЕСОА НАД 90.000 ДЕНАРИ
Второто одлично прогнозирано ливче е на уплатното место во Сити Мол на Sport Life. Се работи за пет меча од Лигата на шампионите погодени со фиксовите на полувреме и на крај. Играчот имал многу среќа, посебно на средбите Рома – Реал Мадрид и Манчестер јунајтед – Јанг бојс.
Типот е дека на „Олимпико“ ќе биде нерешено на полувреме, а Рома во 45-тата минута испушти неверојатна шанса кога Ундер Џенгиз не погоди празен гол од 5 метри. Во вториот дел Реал успеа да постигне два гола и да победи.
Манчестер мораше да победи за да биде сигурен во нокаут-фазата, а „црвените ѓаволи“ дадоа гол во 91-вата минута, кога Фелаини со помош на раката си намести ситуација во која го матираше противничкиот голман.