Бразилскиот фудбалер за врска, Алан, откри дека неговиот син го обожува Кристијано Роналдо, но играчот на Наполи кој настапува како позајмен за Евертон, му забранува на синот да има дрес од Јуве со името на Роналдо.
„Мојот син Мигел сака фудбал и гледа цело време. Има дресови од Евертон и од сите други клубови за кои што сум играл. Тој и ќерка ми се мои најголеми извори на инспирација. Децата сакаат да даваат голови и затоа идолизираат напаѓачи. Тие се и големи фанови на Кристијано Роналдо и тоа е во ред. Син ми постојано носи негов дрес, но јас не му дозволувам да купи дрес на Роналдо од Јувентус, бидејќи тие се лут ривал на Наполи. Има дресови со името и седумката на Роналдо, но од Реал Мадрид“ – вели Алан.