Мурињо: Поразот од Динамо не ми е најтежок момент во кариерата

Неочекуваната елиминација на Тотенхем од Динамо Загреб во Лига Европа во четврток вечерта како бомба одекна во европскиот и светски фудбалски свет, а тренерот на лондонскиот тим, Жозе Мурињо, вели дека ова не му е најболен пораз во кариерата. Мурињо првпат беше елиминиран после победа од 2-0 на првиот дуел, но спортски им честиташе на Модрите за триумфот и влезе во нивната соблекувална додека славеа.

„Се чувствував навистина многу лошо после поразот во Загреб, но тоа не е мој најтежок момент во кариерата. Уште поболни ми беа елиминациите во двете полуфиналиња во Лигата на шампионите со Челзи и Реал Мадрид, кога испаѓавме на пенали. За некои луѓе фудбалот е само пари и начин да заработат за живот, а за мене е многу повеќе. Основите на фудбалот се страст, срце, желба, и затоа сето ова ме боли“ – рече Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести