Дончиќ го одигра најдобриот шутерски меч во НБА, Јокиќ со нов трипл-дабл (Видео)

Лука Дончиќ одигра веноменален меч, а неговиот Далас го прегази Портланд со 132:92. Првата ѕвезда на Далас одигра само 29 минути и даде 37 поени, имаше шест скока и четири асистенции. Погоди осум од девет удари за три поени, а по мечот беше разочаран што немал 9/9.

„Единствено што можам да кажам е дека требаше да ја погодам и деветата тројка“, рече Дончиќ кој втор пат во НБА кариерата постигнува осум тројки на еден меч. И првиот пат тоа му успеа на меч против Портланд, но тогаш шутираше 13 пати.

Далас уште во третата четвртина стигна до недостижна предност против Портланд, па Лука воопшто немаше потреба да игра во последната четвртина. Со 37 поени постигнати за само три четвртини, Дончиќ го израмни рекордот на Дирк Новицки. Легендарниот Германец беше единствениот играч на Далас кој во последните 25 години постигнал 37 поени за само три четвртини.

Освен Дончиќ, ноќеска блескаше и Никола Јокиќ. Српскиот центар запиша нов 11-ти трипл-дабл сезонава, но тоа не му помогна на неговито Денвер и загуби од Њу Орлеанс со 113:108. Јокиќ заврши со 29 поени, 10 скока и 10 асистенции.

Во останатите мечеви од НБА: Мајами – Индијана 106:109, Хјустон – Оклахома 112:114, Бостон – Орландо 112:96, Бруклин – Вашингтон 113:106, Кливленд – Торонто 116:105, Детроит – Чикаго 86:100, Њујорк – Филаделфија 100:101, Феникс – ЛА лејкерс 111:94.

- Оглас -

Најнови вести