ПСЖ – ЛИВЕРПУЛ (21 Ч.)
Пред почетокот на сезоната во Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен беше најавуван како еден од главните фаворити за титулата. Сега, во пресрет на петтото коло, фрнцускиот првак е во ситуација да не смее да загуби на свој терен бидејќи на тој начин би можело да биде елиминиран уште во групата фаза.
На „Паркот на принцовите“ гостува Ливерпул. Килијан Мбапе и Нејмар закрепнаа од повредите здобиени за време на репрезентативните дуели и сега се подготвени да ги израдуваат домашните фанови. Првиот меч на „Енфилд роуд“ изобилуваше со возбудувања и голови, а на крајот англискиот тим победи со 3-2.
ПСЖ досега има 18 меча против екипи од Англија со биланс од четири победи, осум ремија и шест порази. Ливерпул против француските клубови има позитивен биланс од 17 победи, три ремија и девет порази. Фактот дека двете екипи негуваат офанзивен фудбал, најавува дека повторно ќе има отворена игра, без многу калкулации.
Предлог тип 1Х&ГГ (2.10)
ТОТЕНХЕМ – ИНТЕР (21 Ч.)
Директен дуел на две екипи кои се во трка за место во осминафиналето. Барселона е сигурна во оваа група, а Интер и Тотенхем се борат за презимување во елитата. Притисокот е на страната на домаќините. Лондонскиот тим мора да брка победа за да остане во трка за второто место во групата. Интер има три бода предност на табелата и со евентуално реми, ќе остане со таа предност, но ќе има подобар биланс во меѓусебните дуели со Тотенхем и веќе сè ќе биде познато.
Токму затоа Тотенхем нема што да калкулира и уште од првата минута ќе треба да нападне. Тоа, секако, е шанса за гостите кои знаат како да казнат од контранапади.
Предлог тип: ГГ3+ (2.00)
НАПОЛИ – ЦРВЕНА ЅВЕЗДА (21 Ч.)
Ако постои изненадување во ЛШ оваа сезона, тоа сигурно е Црвена ѕвезда. Српскиот првак покажа дека може да оди од крајност во крајност. На свој терен го задржа Наполи на 0-0, а потоа со 2-0 го победи Ливерпул, но затоа на двете гостувања кои ги имаше прими вкупно 10 гола.
Наполи почувствува дека не смее да го потцени овој ривал и затоа сега на свој терен сигурно ќе оди многу посериозно за да стигне до трите бода. Без разлика колку и да звучи чудно, Ѕвезда и во „групата на смртта“ уште има шанси за првите две места. Кај гостите неизвесен е херојот од минатото коло, Милан Павков, кој ги даде двата гола против Ливерпул, но Ѕвезда покажа дека на секој ривал може да му даде барем еден гол, па зошто и мрежата на Наполи да не се тресе.
Предлог тип Т2 1+ (2.50)
ПСВ АЈНДХОВЕН – БАРСЕЛОНА (21 Ч.)
Барселона има еден од најопасните напади, а ПСВ една од најслабите одбрани во ЛШ сезонава. На дуелот на „Камп ноу“, Каталонците победија со 4-0, а и сега се очекува отворена игра со погодоци. ПСВ во домашното првенство има 13 победи во 13 меча со неверојатна гол-разлика од плус 41, а во ЛШ е со четири порази од четири меча.
Предлог тип: 2&3+(2.05)
БОРУСИЈА Д. – БРИЖ (21 Ч.)
Борусија игра феноменално сезонава. Тимот е лидер и во групата од ЛШ и во германското првенство. За да бидат мирни во последното коло, „милионерите“ едноставно не смеат да си дозволат пораз од Бриж во Дортмунд. Тоа е речиси и невозможно, ако се знае дека квалитетот е на страната на домаќините. Борусија на гости победи со 1-0.
Ова би требало да е меч без многу калкулации, па затоа и очекуваме погодоци во двете полувремиња.
Предлог тип 1-3 I& 1-3 II (1.74)