Пониските лиги во Англија се магнет за обложувачите, нашиот тикет е со коефициент 55 во Sport Life

1037 Мансфилд – Форест грин (Лига 2, Англија, 19 часот)

Мансфилд е во релативно комотна позиција да игра релаксирано, бидејќи е далеку и до плејоф зоната, но и од опасната граница за испаѓање.

Сосема спротивна е ситуацијата со Форест грин, екипа која бие битка за директен пласман во Лига 1 и засега им оди добро. Се наоѓаат на третото место, последно што гарантира премин во повисок ранг на натпревари, а ако победат ќе имаат уште подобра позиција, бидејќи имаат и два меча помалку од лидерот Челтенам.

Главен адут на гостите е репрезентативецот на Јамајка, Џемил Мет, кој постигна 7 гола на последните 9 натпревари и е во топ-форма. Вкупно постигна 16 погодоци сезонава во Лига 2 и е трет најдобар стрелец.

И домаќините имаат свои адути, пред се шпицот Натаниел Бовери кој им е прв стрелец со 10 гола. Последните три меѓусебни дуели на Мансфилд и Форест грин беа ефикасни со вкупно 14 гола, или во просек над 4.5 погодоци, па во тој дух очекуваме нов меч со многу голови.

Предлог тип: 3+ (2.22)

 

1024 Блекпул – Питерборо (Лига 1, Англија, 20 часот)

Блекпул е клуб со подолга традиција од Питерборо, но сега ситуацијата на табелата ги фаворизира гостите. Елегантните момци, или како што ги нарекуваат „The Posh“ бијат битка за да останат на една од двете први позиции што водат директно во Чемпионшип.

Но, денеска задачата ќе им биде многу тешка за да го победат домаќинот и некогаш славен англиски клуб, чиј член цели 14 сезони беше легендарниот Стенли Метјуз.

Блекпул има серија од 9 меча без пораз и се наметна како сериозен кандидат за настап во плејофот, од кој една екипа ќе обезбеди билет за повисок ранг.

Ако успеат да стасаат дотаму, тоа ќе биде нивната омилена територија. Блекпул беше првиот тим во богатата англиска историја што бил премиерлигаш, а претходно победувал во финале на плејоф во трите најзначајни ранга на натпреварување на Островот.

Ова е тежок меч за типување, Блекпул одигра 10 од последните 11 меча со 0-2 гола, па можеби е најдобро и денеска да се игра на голови.

Предлог тип: 0-2 гола (1.67)

 

1025 Бристол роверс – Свиндон (Лига 1, Англија, 20 часот)

Свиндон е екипата со најмногу порази во Лига 1, претрпеа точно 22 во досегашните 36 кола, а Роверс се веднаш зад нив со 20 порази. Тренер на Бристол е познатиот Џои Бартон, еден од најголемите таленти на англискиот фудбал во овој милениум, но и играч што поради незгодниот карактер не успеа да го искористи потенцијалот.

Сега не му оди ниту како тренер, а Бристол бие жестока битка за опстанок. Имаат ист број на бодови, 34 како и денешниот ривал, а Виган е на истата кота, како екипа која би испаднала според ситуацијата на табелата во овој момент.

И тренерот на Свиндон е познато име, се работи за 56-годишниот Ирец, Џон Шеридан кој има настапувано за Манчестер сити, Лидс, Шефилд венздеј и уште неколку англиски екипи.

Некако квалитетот е израмнет меѓу двете екипи, бодовите се исклучително значајни, па „мириса“ на реми на „Меморијал“ стадионот во Бристол.

Предлог тип: Х (3.40)

 

1026 Бартон – Шрузбери (Лига 1, Англија, 20 часот)

Бартон имаше прекрасна серија од шест победи по ред, по која побегна од опасната зона, но сега нареди два меча без триумф. Шрузбери е во криза со само една победа на последните шест меча, па некако личи дека популарните Пивари „The Brewers“ се во предност во однос на гостите.

Тренер на Бартон е познатиот Џими Флојд Хазелбенк, кој успеа да го извлече клубот од речиси безизлезна ситуација во која беа на почетокот на оваа година.

На спротивната страна е Стив Котерил, тренер со солидно реноме во Англија, Предност ќе му биде што како активен фудбалер има најмногу настапи токму за Бартон од сите клубови за кои настапувал.

И двајцата менаџери беа напаѓачи во своите фудбалски кариери, па очекиуваме офанзива на двете страни од стартот на мечот и најмалку 3 гола.

Предлог тип: 3+ (2.30)

 

1027 Нортемптон – Оксфорд јунајтед (Лига 1, Англија, 20 часот)

Оксфорд очекуваше мнпгу подобра сезона, откако лани несреќно паднаа на шпоследниот чекор пред промоција во Чемпшионшип лигата. Загубија од Викомб во финалето на плејофот, а сега разочарувачки се на 11. место, иако шансите за нов настап во баражот за повисок ранг не се загубени.

Нортемптон со 33 бода е во зоната за испаѓање, па и тие не можат да калкулираат и мораат да одат на победа. Лани преку плејофот влегоа во Лига 1, но може лесно да се случи по една сезона да се вратат назад во Лига 2.

На двете екипи им требаат бодовите и ќе типуваме дека ќе успеат барем по еднаш да ја тресат мрежата.

Предлог тип: ГГ (1.90)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести