Кристијано е слободен да си оди за 25 милиони евра

Кристијано Роналдо е слободен да го напушти Јувентус по крајот на актуелната сезона, доколку за него стигне понуда до 25 милиони евра. Ова го тврдат шпанските медиуми, кои исто така ја поврзуваат мегаѕвездата со враќање во Реал Мадрид.

Иако Фабио Паратичи, спортскиот директор на Јувентус, демантираше дека клубот се обидува да се ослободи од Кристијано, се чини дека шпанските медиуми знаат нешто повеќе, па информираат дека ова е последната сезона која Роналдо ја игра во црно-белиот дрес.

Парите од евентуална продажба на Роналдо ќе се користат за обновување на екипата која по девет последователни освоени Скудета, многу веројатно ќе го препушти тронот во Италија на Интер. Исто така се размилува и околу смена на Андреа Пирло, со цел да се доведе поискусен тренер кој знае да освојува трофеи.

Како што е познато, Роналдо беше доведен за да му помогне на Јувентус во освојување на Лигата на шампионите, меѓутоа веќе трета сезона во низа Бјанконерите не се дел од кремот во Европа.

- Оглас -

Најнови вести