Шпанија попушта со мерките, Реал ќе може да го пречека Ливерпул во Мадрид

Шпанската влада по 30 март ќе дозволи летови од Велика Британија, што значи попуштање на мерките околу пандемијата со корона-вирусот. Ова е добра вест пред сè за Реал Мадрид, кој ќе може да го пречека Ливерпул на својот помошен стадион „Алфредо Ди Стефано“, во рамките од првиот четвртфинален дуел во Лигата на шампионите.

Наместо да се бира неутрелен терен во Букурешт или Будимпешта, како што беше во неколку случаи претходно сезонава, Кралевите во Мадрид ќе играат против актуелниот англиски првак на 6 април, а седум дена подоцна ќе гостуваат на „Енфилд“.

Истото важи и за Гранада, која на 8 април ќе го вгости фаворизираниот Манчестер јунајтед во рамките од четвртфиналето во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести