Тимот кој си го даде еден од најбизарните автоглови, вечерва е голем фаворит да победи (Видео)

Голманот на Думбартон, Сем Рамсботом имаше деби кое ќе го памти цел живот. На дуелот против Форфан во третата шкотска лига,  Рамсботом беше креатор на еден од најбизарните автоголови.

Чуварот на мрежата реши се подготвуваше да ја исфрли топката од својот шеснаесетник и ситуацијата воопшто не делуваше опасна за неговиот гол. Сепак, наместо да ја исфрли топката кон средината на теренот, тој шутираше директно во грбот на својот соиграч кој стоеше недалеку од него.

Топката се одби и заврши во мрежата на голот на Думбартон. На крајот, тој автогол се покажа и како одлучувачки бидејќи Форфан победи со 1:0 и тоа благодарение на еден од најсмешните автоголови.

Думбартон вечерва игра меч од ФА Купот на Шкотска и е голем фаворит за победа против Хантли.

https://twitter.com/i/status/1373313787101519876

 

- Оглас -

Најнови вести