Седумгодишно дете се расплакало когa слушнало дека Алиоски си оди

Нашиот репрезентативец Езѓан Алиоски на крајот од сезоната речиси сигурно ќе си замине од Лидс. Англиските медиуми веќе најавуваат дека од Лидс веќе го капарисале дефанзивецот на Кристал Палас, Патрик ван Анхолт, како замена на левата бековска позиција.

Алиоски неколку месеци преговараше за продолжување на соработката со Лидс, но откако преговорите не вродија со плод, популарниот Џани сега има преддоговор со турскиот гигант Галатасарај и на крајот од сезоната треба да се пресели во Турција.

Веста дека Езџан ќе си замине од Лидс ги разочара навивачите, кои многу го почитуваат македонскиот репрезентативец. Еден навивач јавно призна дека неговиот седумгодишен син дури и заплакал кога дознал дека Алиоски ќе си замине од Лидс на крајот од сезоната.

„Со среќа Алиоски, мојот седумгодишен син плачеше кога ја слушна веста дека неговиот омилен играч на Лидс си заминува… немој да нѐ заборавиш“, стои во пораката на навивачот.

 

- Оглас -

Најнови вести