Ваков оптимизам НИКОГАШ немало: Неверојатни 99 отсто веруваат во победа на Македонија!

Македонската фудбалска репрезентација денеска игра против Романија на гости, во првиот меч од квалификациите за Светско првенство, но фокусот на играчите на Спортска прогноза е за 13-те викенд дуели. Во тие 13 мечеви кои се дел од 29. коло на бесплатната игра на Sport Life, е и дуелот на Македонија против Лихтенштајн кој се игра в недела на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Преку 1.000 прогнозери досега ги дадоа своите типови, а неверојатни 99 отсто веруваат дека Македонија ќе победи против Лихтенштајн. Освен овој меч во Скопје, на понудата има уште 12 други репрезентативни европски дуели на кои треба да ги дадете вашите фиксови.

Главната премија во секое коло е мобилен телефон Ајфон 11 кој се доделува за перфектно прогнозирање, односно 13 погодоци. Доколку немате Среќна-13-ка, останувате во игра за вредносните ваучери на Sport Life. За 12 погодоци, добивате ваучер од 1.000 денари, додека за 11 погодоци вредносниот ваучер е 500 денари.

Пред да се одигра дуелот Македонија – Лихтенштајн, сите вечерва треба да навиваме нашите најдобри фудбалери да победат на гости кај Романија и со три бода да ги стартуваме квалификациите за пласман на Мундијалот 2022 година.

- Оглас -

Најнови вести