Факт за Македонија кој мора да го знаете ако сакате да се обложите на дуелот против Романија!

Македонската фудбалска репрезентација вечерва по седми пат ќе стартува во квалификации за пласман на Светско првенство. Досега никогаш Македонија не била дел од планетарниот собир, а оваа генерација на нашата репрезентација верува дека може да направи уште еден историски успех.

На чело со капитенот Горан Пандев, Македонија пред неколку месеци се избори за место на завршницата на Европското првенство, а сега ќе ја започне трката за пласман на Мундијалот во Катар. Прв ривал ни е Романија. Тоа е добро познат противник, против кого досега имаме играно, пет пати и билансот ни е негативен.

Романците имаат четири победи, а Македонија се радувала само еднаш и тоа на последниот пријателски дуел одигран во јуни 2010 година, кога победивме минимално со 1:0. Од петте меча, ниеден не завршил нерешено, а вкупната гол разлика е 11:5 во корист на Романија.

Освен што против Романија никогаш не сме одиграле нерешено, традицијата вели дека во досегашните шест стартни меча од квалификации за СП, Македонија нема одиграно нерешено. Прв пат Македонија во квалификации за СП играше на 24 април 1996 година и тоа против Лихтенштајн во Скопје, кога победивме со 3:0. Стрелци на головите беа Милошевски, Бабунски и Захариевски.

Вкупно три пати во квалификациите сме стартувале на домашен терен и три пати сме победувале. Освен Лихтенштајн, имаме радости и против Ерманија на стартот од квалификациите за СП 2006 со 3:0, како и во дуелот со Шкотска во Скопје на почетокот од квалификациите за СП 2010, кога славевме минимално со 1:0.

Сепак, кога се работи за први мечеви од мундијалски квалификации на гости, билансот е три порази. Загубивме кај Словачка за СП 2002, потоа против Хрватска со 0:1 за Мундијалот 2014 година, како и на последните квалификации кога на гости во Скадар загубивме од Албанија со 1:2.

Традицијата вели дека Македонија никогаш нема одиграно нерешено во прв меч од квалификации за СП, како и тоа дека против Романија во пет меча никогаш не било реми. Дали токму вечерва е дојдено време да се скрши оваа долга традиција, па Романија и Македонија да одиграат без победник.

Македонија во својата историја има одиграно вкупно 241 квалификациски и пријателски натпревари, а билансот е 74 победи, 62 нерешени и 105 порази. Гол разликата е 279 дадени и 317 примени погодоци. На 25 март, Македонија има играно само еднаш и тоа во пријателски дуел против Бугарија. Нашата репрезентација победи минимално со 1:0 благодарение на погодокот на Ѓорѓи Христов.

Традициите постојат за да се рушат, ваше е да одлучите дали тоа ќе биде вечерва во Букурешт. Квотата за „икс“ во Sport Life е одлична.

 

Квалификации за СП 1998

Македонија – Лихтенштајн 3:0

Квалификации за СП 2002

Словачка – Македонија 2:0

Квалификации за СП 2006

Македонија – Ерменија 3:0

Квалификации за СП 2010

Македонија – Шкотска 1:0

Квалификации за СП 2014

Хрватска – Македонија 1:0

Квалификации за СП 2018

Албанија – Македонија 2:1

 

- Оглас -

Најнови вести