Да дадеме еден гол, после ќе биде полесно

6729 Романија – Македонија (20:45ч)

Добро би било да ја почнеме мундијалската авантура со барем еден гостински погодок против Романија. Потоа сè ќе биде полесно. Доколку Македонија се осврне на двете минати гостувања во Букурешт, треба да го одржиме билансот и во овие квалификации да бидеме ефикасни од самиот старт.

Романија е фаворит според квалитетот на екипата, но и фактот што ги доби сите четири средби против Македонија од натпреварувачки карактер, додека ние паметиме минимален триумф во контролка која се одигра во 2010 година.

Без повредениот Адеми, како и потврденото отсуство на стоперт Велковски за овој меч, составот на Игор Ангеловски е за нинајсна послаб, но имајќи го ветеранот Горан Пандев, како и новите лидери на екипата како Барди и Елмас, можеме да се избориме за поволен резултат.

Предлог тип: Т2 1+ (1.51)

 

6717 Израел – Данска (18ч)

Данците заедно со Австрија се фаворити во квалификациската група Ф, па затоа успешно треба да го стартуваат мартовскиот циклус и да го остварат третиот триумф на исто толку гостувања во Израел.

Данска има перфектен биланс од четири победи против Израелците, од кои две се во евроквалификации, а две во пријателски дуели, во кои Скандинавците примиле само еден гол. Треба да се знае дека Белгија ѝ спречи перфектна серија на Данска од пет победи во ноември минатата година, по што Данците треба да се вратат во победнички ритам.

Предлог тип: 2 (1.75)

 

6710 Италија – Северна Ирска (20:45ч)

Аѕурите од далечната 1958 година не знаат за пораз од Северноирците, додека во новиот милениум славеа во три наврати и ремизираа без голови во последните квалификации за ЕП. На домашен терен, Италија е перфектна со четири победи на Северна Ирска, при тоа нема дозволено гол во својата мрежа, па така треба да биде и вечерва на стадионот „Енио Тардини“ во Парма.

Речиси три години Италијанците со Манчини на клупата не знаат за пораз, а во фантастичната серија бележат 17 победи и само пет ремија. Северна Ирска е во сосема различна ситуација, односно во катастрофална форма со само еден триумф и тоа против БиХ во плејофот од Лигата на нациите, а претрпе шест порази во останатите натпревари.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.82)

 

6709 Унгарија – Полска (20:45ч)

Од Полска се очекува да ѝ биде главен конкурент на Англија за првото место во групата И, а тоа ќе се потврди само доколку Левандовски и дружината вечерва ја освои Будимпешта.

Полска памети само еден триумф на четири гостувања кај Унгарците, додека од 2000 година па наваму, само двапати се случило двете селекции да одиграат ефикасен меч со повеќе од три гола.

Тоа најавува тврда средба вечерва, а Полјаците имаат задача да им се вратат на победите ако се знае дека во последната репрезентативна пауза губеа од Италија и Холандија во Лигата на нациите.

Предлог тип: X2 & 1-3 (1.97)

 

6730 Шкотска – Австрија (20:45ч)

Реткост е Шкотска и Австрија да одиграат натпревар во кој и двете репрезентации ги тресат мрежите. Само еден во последните пет меѓусебни дуели заврши со ефикасно реми од 2-2, додека во останатите средби од минатата деценија се издвојувале чисти победи, односно ремија без голови.

По речиси 13 години пауза овие два национални тима ќе се сретнат, Шкотлаѓаните држат биланс од 2-1 и ја паметат гостинската минимална победа во контролката која сеодигра во мај 2007 година, со надеж дека може да го повторат исходот.

Сепак, Австрија како еден од противниците на Македонија на ЕП, и во мундијалските квалификации е фаворит и вечерва треба да се избори за позитивен резултат.

Предлог тип: 2 (2.25)

- Оглас -

Најнови вести