Стартниот состав на Македонија ветува добар резултат

Македонија треба да излезе во формација 3-4-1-2 на вечерашниот дуел против Романија во Букурешт. Според најавата, селекторот Игор Ангеловски планира да тргне со состав кој ветува дека нема да се браниме, туку нашата цел ќе биде и да го изненадиме противникот.

Дикитриевски е стандарден на голот, а во дефанзивната тројка треба да бидат Бејтулаи, Муслиу и Кире Ристевски, кој влегува на местото на повредениот Дарко Велковски. Стефан Ристовски и Езџан Алиоски треба да „летаат“ по крилните позиции, а цо средината на теренот главни ќе бидат Барди и Николов. Нашата „италијанска“ тројка е во нападот. Елмас треба да биде поткрепа на офанзивните Несторовски и капитенот Горан Пандев.

Романците ќе играат во формација 4-5-1, со засилен среден ред: Ницу – Могош, Кирикеш, Бурча, Камора – Марин, Станчу, Ман, Хаџи, Михаила – Пушкаш.

 

- Оглас -

Најнови вести