Светски и олимписки шампион во скијачки летови, со хорор пад на Планица (Фото+Видео)

Норвешкиот ски-скокач Даниел Андре Танде, кој е светски поединечен првак и олимписки тимски шампион во скијачки летови, денеска имаше тежок пад на леталницата Планица во Словенија. Во пробната серија, Танде уште во воздух загуби контрола, падна на глава, и се тркалаше до долниот дел на скокалницата.

Танде ја загуби свеста и остана да лежи на снегот, лекарскиот тим притрча да му помогне, и со хеликоптер беше однесен во болница во Љубљана. Најновите информации од Словенија се дека 27-годишниот Танде не е во животна опасност, но до утре ќе го држат во вештачка кома.

Погледнете го инцидентот и страшниот пад на Танде:

https://www.youtube.com/watch?v=HsYsZicc35A

- Оглас -

Најнови вести