Работнички го победи словенечки Хелиос санс со 67-66 во претпоследното коло на АБА 2 лигата. Хелиос е последен на табелата со само една победа, а Работнички има четири победи, што не е доволно за влез во плејофот. МЗТ Скопје и Работнички в недела завршуваат со регуларната сезона, со тоа што Штрковите ќе играат плејоф.
Вечерашниот трилер на Златибор, го доби Работнички благодарение на забивањето на Љубомир Младеновски на 1,15 минути до крајот. Младеновски заби за 67-66, и до крајот, иако имаше 75 секунди, веќе не падна кош, а тоа им одговараше на скопските Црвено-бели.
Младеновски со 20 поени и 14 скока, беше најдобар поединец кај Работнички, додека Бундовиќ даде 21 поен.