Шпанија и Грција одиграа нерешено 1:1 на меч одигран во Гранада, во првото коло од квалификациите за Светското првенство во Катар. Црвената фурија ја имаше фаворитската улога и на полувреме водеше со голот на Мората во 33 минута.
Грците не се предадоа, а во 57 минута стигнаа до 1:1 благодарение на голот од пенал на Бакасетас. Ситуацијата во која Грците добија пенал е необична. Домашниот бек Мартинез со клизачи старт исфрли една топка од шеснаесетникот на домаќините, а потоа во продолжение на стартот со отворен ѓон удри во ногата на еден грчки фудбалери.
По овој старт, судијата досуди пенал, а гостите реализираа за 1:1, што на крајот се покажа како конечен резултат.