Судот му пресуди на претседателот Лотито, а Лацио се спаси од одземање бодови

Првиот човек на фудбалскиот клуб Лацио, Клаудио Лотито, е суспендиран на 7 месеци забрана за вршење на должноста, а клубот ќе плати парична казна од 150.000 евра за прекршување на Ковид протоколот. Суспензии од 12 месеци им се изречени на клупските доктори Фабио Родија и Иво Пулчини.

Позитивно за Орлите е што нема да бидат казнети со одземање на бодови. Истрагата против Лацио почна есеноска, откако се утврди дека Бјанкочелестите ги прекршиле протоколите на мечот Торино – Лацио кој се одигра на 1 ноември и на него играа двајца заразени фудбалери на римскиот тим кои не добија дозвола да играат во Лигата на шампионите. Наместо да седат дома во изолација, Чиро Имобиле и Лукас Леива настапија во второто полувреме против Торино.

- Оглас -

Најнови вести