Јунајтед загриза за ѕвездата на Атлетико, но има еден проблем

Оле Гунар Солскјер ќе ја има довербата на раководството и во следната сезона, по што веќе се започнати плановите за подновување на составот. Јасно е дека Манчестер јунајтед оваа сезона може да заборави на титулата во Премиер лигата, но за конечно да се врати на врвот, потребни се првокласни фудбалери.

Еден од нив е Маркос Алонсо, ѕвездата на Атлетико Мадрид, која силно блеска сезонава и е клучна фигура во составот на Диего Симеоне. Парите за Јунајтед не се проблем, а според шпанските медиуми, се подготвува понуда од 80 милиони евра за репрезентативецот на Црвената фурија, која наводно Јорганџиите ќе бидат приморани да ја прифатат со цел да ги намалат загубите од пандемијата со корона-вирусот.

Но, проблемот е во тоа што Љоренте е среќен во Мадрид и не размислува во блиска иднина да ја менува средината. Затоа, прашање е дали фудбалерот ќе сака да заигра за Црвените ѓаволи, каде што би добивал повисока плата, меѓу другото.

Инаку, Љоренте за моменталниот лидер во Ла Лига досега запиша 36 настапи во сите натпреварувања, во кои забележа 10 погодоци и 9 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести