Има време: До 18 часот вклучете се во трката за Ајфон 11

Има време до 18 часот да се приклучите во трката за главниот подарок „Ајфон 11“, кој се доделува за најдобриот прогнозер во секое коло на Спортска прогноза. Во последното кое уште е во тек, патот до премијата е преку репрезентативните натпревари од квалификациите за Светското првенство, како и младинското ЕП во кое има доста интересни дуели.

Прогнозирањето ќе биде достапно до натпреварот меѓу Норвешка и Турција, за кој речиси 65% од прогнозерите се сигурни во победа на домаќините. Дербито меѓу актуелниот младински европски првак Шпанија и Италија, е исто така интересен меч за кој мнозинството прогнозери одлучи дека ќе победи Црвената фурија, односно само 2,62% од учесниците се потпреа на младите Аѕури.

Освен петте натпревари за денес, во ова коло ја има и Македонија, која утре во Скопје го пречекува составот на Лихтенштајн. Рисовите се големи фаворити во овој дуел и со повеќе од 99% типовите за „кец“ може да се каде дека еден пар од вкупно 13 е осигуран, а дали ќе биде доволно за „ајфонот“ ќе се дознае во недела навечер.

- Оглас -

Најнови вести