Македонската фудбалска репрезентација поведе со 1:0 во дуелот против Лихтенштајн, на меч од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година. Енис Барди е стрелец во седмата минута и тоа директно од слободен удар.
Барди кој е познат како еден од најдобрите изведувачи на слободните удари во шпанската Примера, реши директно да бие кон голот на гостите, иако беше далеку и откосо. Голманот на Лихтенштајн несмасно реагираше и топката заврши во мрежата.
Само две минути по голот, Барди имаше шанса и по втор пат да погоди од слободен удар, но неговиот шут овојпат заврши во гредата.
Лихтенштајн е селекцијата против која имаме најмногу победи. Во досегашните девет меѓусебни средби, Македонија се радувала осум пати, а само еднаш било нерешено.