Селекторот Игор Ангеловски откри дека во петокот барал помирувачки состанок со претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, но до средба не дошло пак, затоа што првиот човек на ФФМ има коронавирус кој е потврден денеска со тест, откако во петокот почувствувал симптоми.
„Сејдини има потврден тест за ковид-19, во петокот се пожали на симптоми“ – велат од прес-службата на ФФМ.