Габон и Гамбија ќе се тркаат со голови, ќе им се приклучат и Пустински лисици и Фараоните

5735 Египет – Комори (Квалификации, Африкански куп на нации, 18 часот)

Двете репрезентации веќе обезбедија настап на Африканскиот куп на нациите, што за Египет беше очекувано, но не и за Комори, селекција која забележа историски успех.

Ел Фарду Бен и соиграчите ѝ донесоа огромна радост на земјата што има само 850 илјади жители со пласман на АФКОН и сега релаксирани ќе се обидат да останат непоразени во целиот квалификациски циклус.

Египет е рекордер со 7 шампионски круни, има и поквалитетен тим и многу поголем рејтинг од ривалот и сè освен победа ќе биде сензација.

Иако се повикани, можно е Салах, Трезеге, Елнени и останатите ѕвезди на Фараоните да не играат, но и тоа нема да биде пречка со победа да прослават нов настап на Африканскиот куп на нациите.

Предлог тип: 1&Т1 2+ (1.60)

 

5736 Ангола – Габон (Квалификации, Африкански куп на нации, 18 часот)

Гостите се веќе пласирани на АФКОН, но сакаат да бидат победници во групата и за тоа им треба победа против Ангола во последното коло, но и потоа да имаат подобра гол-разлика од Гамбија, ако ривалот го победи ДР Конго на гости.

Расплетот е интересен, иако и не е многу значаен. Габон и Гамбија ќе играат на Купот, а моментно имаат еднаков број бодови, по 10, и имаат ист меѓусебен скор, победија дома со 2:1. Третиот критериум е кој ќе има подобра гол-разлика, а моментно Габон е прв со 8:4, пред Гамбија со 9:6.

Гостите најавуваат дека ќе играат со најсилниот состав и ако тоа се оствари, имаат големи шанси за победа и прво место во групата. Пјер-Емерик Обамејанг, Гелор Канга и Арон Бупенза се одлични напаѓачи и се пресилни во моментнов за одбраната на Ангола.

Предлог тип: 2&T2 2+ (3.75)

 

5737 ДР Конго – Гамбија (Квалификации, Африкански куп на нации, 18 часот)

Демократска Република Конго имаше резочарувачки циклус квалификации и нема да игра на шампионатот на Африка. И да победат во последниот меч денеска, ќе бидат трети на табелата, а шансата ја пропуштија на претходните натпревари.

Селекторот Нсенги Биембе најави неколку промени во стартниот состав по поразот од Габон со 0:3 во меч што беше клучен за ДР Конго.

Гамбија забележа голем успех со пласманот на првенството, а сега може да прослави и со освојување на првото место. Дека сакаат да бидат први во групата пред Габон, потврдува и податокот дека ќе играат сите стандардни репрезентативци предводени од напаѓачот на Болоња, Муса Бароу.

Гостите имаат многу солиден состав и многу подобра атмосфера од домашната репрезентација, а мечот е без преголемо резултатско значење и може да има голови, комбинирано со тип, победа на Гамбија.

Предлог тип: 2&3+ (7.75)

 

5739 Буркина Фасо – Јужен Судан (Квалификации, Африкански куп на нации, 18 часот)

Финалистот од шампионатот во 2013 година, селекцијата на Буркина Фасо повторно ќе игра на АФКОН, а со победа ќе го заврши квалификацискиот циклус на првото место.

Јужен Судан е последен, но и тие се радуваат на мал напредок. Примија само пет гола на петте натпревари досега, што е многу помалку од 18, колку што примија во претходниот циклус.

Домаќините најавуваат дека ќе играат со тројца напаѓачи, а триото им е интересно. Сите тројца се Траоре, а најпознат е најмладиот Ласина, кој игра за Ајакс и има само 20 години.

Со него задолжени за голови ќе бидат и Бертранд Траоре од Астон вила и Абду Траоре од турскиот Гиресунспор. Таквиот напад е пресилен за аутсајдерот Јужен Судан, па ќе типуваме на победа на Буркина Фасо, со најмалку два гола во мрежата на гостите.

Предлог тип: 1&T1 2+ (1.56)

 

5741 Алжир – Боцвана (Квалификации, Африкански куп на нации, 21 часот)

Актуелниот првак на Африка веќе е победник во Х групата бидејќи има подобар меѓусебен скор од Зимбабве со три бода предност, па овој меч им е само за престиж и за квалификациски крај без пораз.

Боцвана испадна и нема да игра на АФКОН откако во минатото коло загуби во директен дуел од Зимбабве на домашен терен. Само со еден постигнат гол на денешниот дуел, Пустинските лисици ќе бидат најефикасната селекција од сите 48 репрезентации што играа во квалификациите.

Тоа може да биде дополнителен мотив за една од најсилните репрезентации во Африка да одигра напаѓачки, а потенцијал за голови и за победа има многу.

Ријад Марез нема да игра, но Гезал, Слимани, Бунеџах, Судани и останатите репрезентативци на Алжир, сепак, се барем за една класа подобри од деншните ривали и ќе победат како најава за нов добар настап на АФКОН, каде што ќе ја бранат титулата.

Предлог тип: 1&Т1 2+ (1.53)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести