Победите на Ерменија и Турција ги изненадија прогнозерите

Триумфот на Ерменија против Исланд изненади многумина прогнозери овој викенд, само 3,87 отсто од оние над 2.000 играчи на Спортска прогноза го погодија исходот, па затоа и нема прогнозери барем со 11 погодоци во 29-тото коло кое се играше викендов.

Освен победата на Ерменците, огромен е бројот на прогнозери и кои не предвидоа дека Турција ќе победи во Норвешка, а мал е процентот на играчи кои погодија дека Чешка и Белгија ќе одиграат нерешено. Само малку над 8 отсто играчи ги погодија овие две изненадувања.

Единаесетмина прогнозери беа на прагот да добијат некоја од наградите, но сите од нив не предвидоа барем едно од овие три изненадувања. Следната шанса во бесплатната и интересна игра ќе биде во претстојниот викенд, кога на Среќна 13-ка се враќаат клупските натпревари од најсилните лиги, а мечевите на кои ќе треба да типувате ќе бидат објавени утре, во 14 часот.

Во Генералниот пласман по 29 кола, лидер е Атанас Т. со 200 поени и тој е единствен кој ја помина границата од 200 бода. Зад него се Перо К. и Вања А. со по 199, Горан З. има 198, Игорчо Д. 197, итн.

- Оглас -

Најнови вести