Ангеловски: Македонија секога игра добро против големите фаворити

Македонската фудбалска репрезентација пред два дена стигна до најубедливата победа во последните 19 години, откако со 5:0 го победивме Лихтенштајн. Тоа е резултат кој влева самодоверба, пред можеби најсилниот ривал кој некогаш го имала нашата селекција, а тоа е Германија.

Утревечер во Дуисбург, Македонија ќе гостува на четирикратниот светски и трикратен европски првак. Според бројот на освоени медали од големите натпреварувања, Панцерите се убедливо најдобрата селекција на Стариот континент. Македонија досега никогаш не играла против Германија, а селекторот Игор Ангеловски вели дека нема предавање предвреме.

„Германија е фаворит. Чест ни е што ќе играме против нив. Ние сме селекција која токму против вакви противници играат најдобри и се надевам дека и утре ќе биде така. Иако ни е трет меч во низа, физички сме подготвени“, вели Ангеловски, кој додаде дека Адеми и Велковски иако се повредени, може да бидат во комбинација за стартните 11 на утрешниот дуел.

 

- Оглас -

Најнови вести