„Луди“ дерби-дуели во Германија, Англија, Франција и Шпанија како дел од Спортска прогноза

Натпревари кои може да решат многу дилеми околу трката за титулата во дел од најсилните лиги во Европа се играат винекдов, а ќе бидат дел од новото коло на Спортска прогноза. ПСЖ и Лил се на делба на лидерското место во Франција и двете екипи имаат по 63 бода. Актуелниот првак викендов е домаќин на Лил и со победа ќе остане осамен на врвот.

И во германската Бундеслига ќе има дуел на двете првопласирани екипи. Баерн, кој е лидер со 61 бод, гостува кај Лајпциг, кој има 57 бодови и е единствен реален ривал во трката за титулата. Лајпциг треба да брка победа затоа што на тој начин ќе се доближи само на еден бод до лидерот.

Во Премиер лигата ќе има битка на третиот со првиот затоа што Лестер е домаќин на Манчестер сити. Граѓаните само формално треба да стигнат до титулата, но на Лестер му значи да дојде до второто место, на кое сега е Манчестер јунајтед.

Атлетико Мадрид полека ја губи комотната предност во однос на Барселона и Реал Мадрид, а Јорганџиите викендов ќе имаат вистински предизвик, и тоа на теренот на четвртопласираната Севилја. Најголем процент за овој меч е дека ќе заврши нерешено, но има уште време за да се прогнозира.

Стандардно, Среќна 13-ка, односно погодени сите 13 натпревари ќе ви донесе мобилен телефон „ајфон 11“! За 12 погодоци следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Не се двоумете, одиграјте ја бесплатната Спортска прогноза, може само да добиете.

 

 

- Оглас -

Најнови вести