Лошо е: Прекинато прво фудбалско првенство во Европа во 2021 година!

Фудбалското првенство на Словенија е прекинато поради опасноста која доаѓа од корона-вирусот, одлучија државните власти на оваа некогашна југословенска република. Со овој потег да се прекине првенството, Словенија е првата земја во Европа која реши да го прекине фудбалот во 2021 година откако нагло се влоши епидемиолошката ситуација во земјата.

Владата на Словенија ги забрани сите спортски активности, а тоа значи и прекин на Првата фудбалска лига во земјата. Од Фудбалската федерација на Словенија упатија молба до државните власти да биде овозможено првенството сепак да продолжи и сега се чека одговор.

Минатата година во март започна масовно да се прекинуваат сите спортски настани, а веќе на почетокот на април 2020 година речиси никаде во Европа не се играше фудбал. Прашање е дали Словенија ќе „повлече нога“ и ќе има прекин на фудбалските првенства и во други земји.

 

- Оглас -

Најнови вести