Шеваљевиќ знае кој е двоен европски првак: Вардар не се плаши од никого

Васко Шеваљевиќ верува во себе и во соиграчите пред утрешниот старт на двомечот со Веспрем во осминафиналето на Лигата на шампионите и е оптимист дека двојниот европски првак може да го елиминира фаворитот.

„Веспрем е квалитетен тим со двајца одлични ракометари на сите позиции, но Вардар не се плаши од никого. Против вакви екипи се дава максимум, а Вардар знае да игра кога е силно мотивиран. Иако се сериозна екипа и многу квалитетна, и тие имаат слаби точки, а се надеваме и слаб ден и во Скопје и во реваншот во Веспрем. Очекувам да одиграме добар меч и да оствариме добар резултат за реваншот во Унгарија“, изјави црногорскиот бек на Вардар.

Двомечот меѓу старите познаници, кои имаат одиграно дури 18 меча меѓу себе, ќе почне утре, во Скопје, од 18.45 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести