Гундоган не може да си објасни што им се случи, честитки за Македонија од Швајнштајгер

Стрелецот на голот за Германија, Илкај Гундоган, после поразот од Македонија, изјави дека не може да си објасни каде се загубила познатата германска смиреност после водството на нашата селекција од 1-0.

„Знаеме дека ваков пораз не смееше да ни се случи. Не изгледавме добро откако примивме гол. Ја немаше нашата смиреност, немам објаснување зошто беше така. Мора кон крајот на мај да бидеме во топ форма“ – изјави Гундоган кој блеска во 2021 година.

Легендата на германскиот фудбал, Бастијан Швајнштајгер, на Твитер објави честитка до Македонија, и додаде дека бил досуден несреќен пенал против Црвено-жолтите, не им бил даден чист пенал, и почит за нив што на гости победиле четирикратен светски првак.

- Оглас -

Најнови вести