Легендарниот англиски фудбалер Гери Линекер синоќа не можеше да се изначуди како Македонија успеа да ја победи Германија, и тоа во Дуисбург. Линекер е фудбалерот кој пред многу години даде една изјава во која вели дека „фудбалот е игра во која на теренот има 22-ца што ја бркаат топката, но на крајот секогаш победуваат Германците“.
Сега Линекер јавно напиша дека не може да се изначуди за тоа како успеа Германија да загуби од Македонија.
„Боже Господе, Германија загуби од Македонија“, беше реакцијата на Линекер веднаш по мечот во Дуисбург.
Good heavens, Germany have lost to North Macedonia.
— Gary Lineker 💙 (@GaryLineker) March 31, 2021