Само Ѕвезда со сигурен триумф, Анадолу, ПАО и Баерн се мачеа

Црвена ѕвезда со сигурен триумф од 76:64 против Макаби Тел Авив ги заврши настапите на домашен терен во Евролигата, со оглед на тоа дека во тек е претпоследното коло од регуларната сезона. Црвено-белите по петти пат во низа во Белград ја совладаа израелската кошаркарска гордост за само 10-та победа по 33 натпревари.

Домаќините лошо ја почнаа средбата и му дозволија на Макаби да ја преземе иницијативата, па така на половина од вториот период Израелците водеа со +10 поени. Брзо беше анулирано нивното водство, по што Ѕвезда со 20-11 го доби третиот период, а потоа на сигурен начин се избори за победата, до која ги предводеше Џордан Лојд со 21 поен, 7 скока и 4 асистенции.

Претходно Анадолу ефес славеше на гостувањето кај Басконија со 111:101, но триумфот го обезбеди дури во продолжението во кое турскиот гигант издоминира со 19-9.

И на Панатинаикос му требаа дополнителни пет минути за да го совлада Армани Милано со 86:83, додека Баерн Минхен во последната секунда со двете слободни фрлања на Лучиќ славеше минимално со 71:70 против Жалгирис.

 

- Оглас -

Најнови вести