Нејмар и Бернат го урнаа Ливерпул, Тотенхем подобар од Интер

ПСЖ му се реваншираше на Ливерпул по поразот од 3-2 во првиот дуел, па со конечни 2-1 го совлада на „Паркот на принцовите“. Посакуваниот триумф на „светците“ им го донесе осмиот бод во групата, па сега се на второто место, зад лидерот Наполи, а два повеќе од вечераншниот противник.

ПСЖ рано го отвори мечот, Бернат погоди по 14 минути игра. За вториот гол не се чекаше долго, Нејмар во 37-мата минута зголеми на 2-0 и за славење во Париз. Сепак, избраниците на Клоп дојдоа до гол пред полувремето. Ди Марија го собори Мане во казнениот простор, а Милнер казни од белата точка за 2-1 во 43-тата минута.

До крајот на средбата, ПСЖ ја сочува предноста, па со тоа му го нанесе третиот пораз на Ливерпул по пет средби во групата Ц. Во таа група, Наполи со убедливи 3-1 го совлада тимот на Црвена ѕвезда. Победата ја осигураа Хамшик и Мертенс, а Бен го постигна почесниот гол за гостите.

Барселона со 2-1 славеше на гостувањето кај ПСВ. Меси и Пике ја донесоа победата за шпанскиот првак, додека капитенот Де Јонг погоди за утеха на домаќините. Каталонците како првопласирани ќе патуваат во осминафиналето, освојуваќи го 13-от бод по пет меча во групата Б.

Тотенхем со минимални 1-0 го победи Интер, а за триумфот е најзаслужен Кристијан Ериксен. Тотенхем и Интер по пет меча ја делат втората позиција со по седум бода. „Петлите“ до осминафиналето ќе мора да поминат преку Барса во последното коло, додека Интер го пречекува ПСВ.

Порто и Шалке се новите осминафиналисти, иако „змејовите“ со конечни 3-1 го совладаа германскиот претставник. Милитао, Корона и Марега погодија за домаќините, а Бенталеб од пенал ги постави конечните 3-1. Шалке и по овој пораз го задржа второто место во групата Д со осум бода, четири повеќе од Галатасарај.

Мечот помеѓу Дортмунд и Бриж беше едниствена средба вечерва на која не се постигна ниту еден гол. Но и бод им беше доволен на „милионерите“ за да го заверат своето учество во следната рунда, заедно со Атлетико од групата А.

 

 

- Оглас -

Најнови вести