Само 1,4 проценти од прогнозерите веруваат во победа на колидерот на француската лига

Клупската фудбалска сцена се врати во понудата на Спортска прогноза за викендов, типувањето за 30-тото коло почна во вторникот, а завршува утре попладне во 17 часот, кога почнува на дерби-дуелот од француската лига помеѓу првиот и вториот на табелата. Голем предизвик е пред учесниците во бесплатната игра во која целта е да се погоди Тринаесетката и да се добие премијата, „ајфон 11“. За 12 погодоци, наградата е ваучер од 1.000 денари од Sport Life, додека за 11 погодени, ви следува ваучер од 500 денари.

Стартот на 30-тото коло на Спортска прогноза е со дуелот помеѓу Пари Сен Жермен и Лил, две екипи што го делат врвот на табелата во Лига 1. Имаат по 63 бода. Од тие прогнозери кои типувале досега, дури 92 проценти прогнозираат победа на домашните, а само 1,4 отсто веруваат во гостите кои до пред паузата беа први, но по киксот против Ним, го загубија врвот.

В сабота има дерби на првиот и вториот и во Германија, Баерн во Минхен гостува кај Лајпциг, кому му бега четири бода. Околу две третини прогнозери типувале на Баварците. Премиер лигата носи пресметки меѓу Лестер и Манчестер сити и на Арсенал против Ливерпул. Тука двојките се најчесто типуваниот исход.

И неделата не е без дербија. Во Берлин играат градските ривали Унион и Херта, вечерта Севилја го пречекува лидерот на шпанската лига, Атлетико Мадрид. Колото завршува в понеделник вечер кога Вулверхемптон му е домаќин на Вест хем.

Условот за учество во бесплатната игра е едноставен, треба само да имате СЛ картичка од Sport Life. Треба да типува и на резервните парови бидејќи носат поени во Генералниот пласман.

 

- Оглас -

Најнови вести