Тајсон Фјури против Дионтеј Вајлдер е борбата која треба да биде како шлаг за оваа година. Боксерите вечерва се соочија на прес-конференција и како што можеше да се очекува, страстите зовреа. Масовна тепачка на двата табора се случи како најава за тоа што треба да биде во недела, во 3 часот наутро по македонско време.
Фјури, кој во 2015 година го победи Владимир Кличко, овојпат е во улога на предизвикувач за освојување на појасот на ВБЦ. Минатиот месец поради постојаните навредувања и физички контакти, пропаднаа трите прес-конференции кои требаше да бидат како најава за борбите. Ништо подобро не беше ни вечерва.