Икарди купи часовници „ролекс“ за сите 23-ца играчи на Интер

Капитенот на Интер, Мауро Икарди, направи еден необичен потег. Купи 23 часовници „ролекс“ и им ги подели на сите 23-ца соиграчи. Овој потег на Икарди е како еден вид благодарност од капитенот на Интер до сите негови соиграчи кои му помогнаа минатата сезона да стане најдобар стрелец во Серија А.

Икарди не ги заборави ниту оние кои играа до пред неколку месеци за „нераѕурите“, а потоа си заминаа од клубот, па часовници има и за Рафиња, Кансело и Нагатомо. Едноставно, ова е потег на вистински лидер и капитен на тимот, кој знае на каков начин да ги мотивира соиграчите.

Интер синоќа загуби од Тотенхем со 1-0, но „нераѕурите“ остануваат со добри шанси за место во нокаут-фазата. Во последното коло треба на свој терен да го победат аутсајдерот ПСВ, а Тотенхем да не слави на „Камп ноу“ против Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести