Конте: Лани бевме блиску до целта, а сега…

Интер дојде чекор поблиску до титулата во Серија А, откако тимот на Анотнио Конте славеше со минимални 1-0 на гостувањето кај Болоња. Нероаѕурите по 28 меча имаат 68 бода, осум повеќе од Милан, односно 10 бода повеќе од актуелниот шампион Јувентус, па Конте не можеше да го сокрие задоволството што неговите играчи сигурно чекорат кон Скудетото.

„Им кажав на играчите дека ова е меч кој мора да го добиеме со цел да го одржиме победничкиот ритам. Мило ми е што ја остваривме мисијата и сега така треба да продолжиме за на крајот да бидеме шампиони. Има уште многу да се игра, нам ни преостануваат уште 10 натпревари, на ривалите уште околу осум или девет, што значи дека има уште бодови за освојување и нема да бидеме мирни сè додека математички не ја обезбедиме титулата. Лани бевме блиску, игравме и финале во Лигата на Европа, но сега сметам дека ќе успееме да ја вратиме титулата на „Џузепе Меаца“, истакна Конте.

За Интер ова беше деветта победа во низа во Калчото, по што ги искористи киксовите на Милан и Јувентус кои вчера ремизираа против Сампдорија, односно Торино.

- Оглас -

Најнови вести