Нејмар вчера ќе се тепаше, денес добива нов договор вреден 154 милиони евра

Нејмар ќе остане во Пари Сен Жермен до 2026 година, пренесува францускиот весник Лекип. Според најавите, Бразилецот веќе се согласил да остане меѓу Светците и тоа ќе го потврди со нов четиригодишен договор.

Актуелниот договор на Нејмар со францускиот првак е до јуни 2022 година, а во последно време зачестија шпекулациите дека летово може повторно да се врати во Барселона.

Според последните разговори, новиот договор на Нејмар ќе биде ист како сегашниот, односно ќе заработува 36 милиони евра по сезона. За четири години тоа се 144 милиони евра, а се очекува да има и бонус од 10 милиони евра поради покажување на верноста кон ПСЖ.

Нејмар синоќа беше во центарот на вниманието, откако сакаше да се тепа со еден играч на Лил, по поразот на ПСЖ во дербито на француското првенство.

- Оглас -

Најнови вести