Играта на голови во Волково и Гостивар донесе добивки од 2.000 и 1.500 евра

Играта на голови го усреќи обложувачот на Sport Lifе кој доаѓа од Волково откако неговата комбинација со 3+ и 3-4 гола му донесе фантастична добивка од 121.314 денари за која вложи само 50 денари.

Вториот натпревар од добитниот тикет според времето на почеток се покажа како клучен во подвигот кон речиси 2.000 евра добивка.

ПСВ сигурно славеше против Хераклес со 3-0, но за да биде добитен типот 3-4 гола, домаќините погодија длабоко во судиското надополнување. Младиот Ихатарен на асистенција на Геце го постави конечниот резултат (3-0) во 90+2, па останатите натпревари од Премиер лигата, Ла Лига и Лига 1 како и шпанската Сегунда без потешкотии ги полнеа мрежите во корист на обложувачот.

ФУРИОЗНИ 60 СЕКУНДИ ВО ФИНИШОТ ДОНЕСОА 1.500 ЕВРА ВО ГОСТИВАР

Со фудбалски 10 натпревари типувани 3+ и сите со квота повисока од 1.30, обложувач од Гостивар си ќари 96.569 денари и активира бонус од 10%, или 8.779 во добивката благодарение на фуриозните 60 секунди во мечот меѓу Атлетико Национал и Енвигадо од колумбиското првенство.

Домаќините триумфираа со 3-0 иако до истекот на регуларните 90 минути, само еден гол ја правеше разликата на теренот. Дуке и Андраде со два експресни напади зголемија на 3-0 во корист на Атлетико за да биде погоден типот 3+.

Обложувачот комплетно ги избегна најиграните првенства во Европа, но затоа дуелите од Јужна Америка комбинирани со победата на Риека од 4-3 на гости кај Горица, како и триумфот на Макаби со 2-1 против Хапоел Бер Шева се покажаа како добитна стратегија за Гостиварецот кој издвои само 60 денари за да вложи во тикетот.

- Оглас -

Најнови вести