Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија, АСОМ, информира дека согласно одлуката на Владата донесена на 05.04.2021 година на 63-тата седница, во перидот од 7 до 20 април уплатно-исплатните места, односно деловните објекти на спортските обложувалници ќе работат само преку шалтерски систем.
Поконкретно, со одлуката на Владата, приемот на посетителите и работата на спортските обложувалници ќе биде исклучиво преку вршење шалтерска услуга, а согласно неа, делот за угостителски услуги, шанковите во спортските обложувалници воопшто нема да работат.
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија ја следи состојбата со корона-вирусот и целосно ги почитува протоколите за работа, како и одлуките на Владата за превенција од понатамошно ширење на вирусот.
Асоцијацијата апелира до своите играчи во целост да се придржуваат до мерките за заштита од ковид-19.