Колкави се шансите на Реал да го елиминира Ливерпул?

Реал Мадрид го надигра Ливерпул со 3-1, и оствари резултат кој Кралскиот клуб сигурно би го прифатил пред натпреварот ако им беше понуден. Ништо не е готово, Црвените на реваншот ќе одат на се или ништо, да му го загорчат животот на 13-кратниот европски првак кој викендов има нов тежок меч, против Барселона во првенството.

Историски гледано, 79 проценти од екипите кои дома победувале со 3-1 на првиот меч, оделе понатаму во европските натпреварувања. Ова значи дека четири петини се на страна на Реал, но…

Реал десет пати победувал дома со 3-1 во првиот дуел, а дури четири пати бил елиминиран. Последен пат тоа им се случи во 1993 година против Пари Сен Жермен. Против Ливерпул ни победа од 3-0 некогаш не е доволно, тоа најдобро го знае Барса. Затоа, во Реал знаат дека им претстојат нови тешки 90 минути на реваншот.

Ливерпул има четири порази по ред во меѓусебните дуели со Реал Мадрид. Ливерпул четири пати во Европа губел само уште од Бенфика.

- Оглас -

Најнови вести