Анжело Габриел со голот кој го постигна за Сантос против Сан Лоренцо во победата на бразилскиот тим од 3-1 стана најмлад стрелец во историјата на Копа Либертадорес и покажа зошто за него се интересира Ливерпул. По овој гол, веројатно повеќе клубови ќе почнат да ги следат неговите игри.
Габриел е роден на 21 декември 2004 година, има 16 години и 106 дена. Со тоа тој урна 59 години стар рекорд за најмлад стрелец во јужноамериканската верзија на Лигата на шампионите. Сантос е клубот во кој најголем дел од кариерата мина Кралот на фудбалот Пеле, а во поновата историја најголеми ѕвезди кои потекнаа од таму се Нејмар, кој сега е суперѕвезда на ПСЖ, и Родриго од Реал Мадрид.