По домашниот пораз од 14 гола разлика, нереално е да се најавува дека Вардар 1961 ќе го елиминира унгарскиот Веспрем во ракометната Лига на шампиони, но вардарци имаат должност да го поправат впечатокот и со кренати глави да го завршат патот во ЛШ за оваа сезона. Скопските 41-27 за унгарскиот тим го одлучија патникот во четвртфиналето и тие ќе играат против Нант на Кирил Лазаров во битка за пласман на фајнал-форот.
Освен ако не се случи некое невидено чудо, тогаш за Иван Чупиќ ова вечерва е последен европски меч во дресот на Вардар 1961 бидејќи Хрватот од следната сезона ќе игра за ППД Загреб. Обложувалницата Sport Life за мечот Веспрем – Вардар ви нуди голем избор за игри за типување, а ваше е само да процените точно што ќе се случува на теренот и како Црвено-црните ќе поминат на ова тешко гостување.