Интересен ќе биде бокс мечот меѓу Ебани Бриџис и Шенон Кортни закажан за утре, а предиграта за титулата во бантам категорија во ВБА верзијата беше шокантна.
Австралијката Бриџис излезе на официјалното мерење со долен веш од чипка, што е сосема невообичаено, а потоа се обиде да и го подари на противничката.
Кортни ја одби понудата и потоа ја критикуваше Ебани за „разголувањето“.
„На ваков начин не се привлекуваат гледачи. Изгледаше како евтина девојка, а јас не сакам да бидам таква. Сакам да бидам идол на обичен начин на сите девојки и дами што го сакаат боксот и во иднина ќе се одлучат да градат кариера со племенита вештина“, изјави Кортни.