Во Турција чекаат да го уапсат, тој си гази со скокови во НБА (Видео)

Енес Кантер е интересна приказна и не смее да се врати во Турција, каде родителите му се под постојан надзор, бидејќи е прогласен за непожелен поради политичката припадност, но си гази во НБА лигата.

Ноќеска беше извонреден во дресот на Портланд против Детроит и забележа неверојатни 30 скока, комбинирани со 24 поени. Кантер кој е ѓуленист би бил уапсен во Турција и не смее да се врати, но ноќеска тој ги „уапси“ обрачите во „Мода центар“ со страшно ефектен учинок.

https://twitter.com/NBA/status/1381108014544003072?s=20

Стана само четвртиот кошаркар во овој милениум во НБА лигата што имал 30+ скока на ист меч. Пред него тоа им успеа само на Кевин Лав во 2010 година, на Ендрју Бајнам две години подоцна и на Двајт Хауард во 2018 година.

Притоа само Кантер, Лав и Хауард на тие дуели постигнуваа и над 20 поени.

 

- Оглас -

Најнови вести