Киксевите на бранителот и првиот фаворит заплашуваат пред реваншите

И оваа работна недела ќе преовладува фудбалската еуфорија со реванш-дуелите од Лигата на шампионите, за кои осумте најдобри екипи во Европа се загреваа со 6-2 учинок. Шест од осум четвртфиналисти остварија победи во своите лиги, а потфрлија само актуелниот европски првак Баерн Минхен и првиот фаворит за титулата во најелитното клупско натпреварување, Манчестер сити.

Баварците за ремито против Унион на свое тло имаат оправдување во отсуствата на клучните играчи како Левандовски, Горецка, Гнабри, Толисо, Зиле, Лукас и други. Флик беше принуден со подмладен состав да се справува против тимот Берлин, трите бода беа на дофат, но крајот го красеше делото за незгодниот Унион, кој си замина со драгоцен бод од „Алијанц арената“. Речиси истиот тим на Баерн, без најдобриот голгетер во Европа, веќе во вторник ќе мора да бара начин како да ја надополни негативата против ПСЖ, и тоа во Париз. Напаѓачките опции се тенки, Чупо-Мотинг се трудеше во првиот меч и даде гол, но далеку е од квалитетот на Левандовски за да може да ја направи разликата на теренот. Тешко дека и младите неискусни играчи како Дантас и Мусијала, во кои се гледа потенцијал, но се далеку од потребното ниво, ќе се спротивстават на разиграната екипа на Маурисио Покетино, која викендов се загреваше со убедлива победа од 4-1 на гости кај Стразбур.

Сити, пак, потполно потфрли против Лидс на Џани Алисоки, кој патем беше еден од творците на сензацоналниот триумф на екипата предводена од Марсело Бјелса. Алиоски му помогна на популарниот „Ел Локо“ да дојде до прва победа во тренерската кариера по вкупно пет дуели против Пеп Гвардиола, кој пак сигурно не може да биде задоволен од начинот на кој неговите Граѓани загубија во последните минути. Англискиот шампион во исчекување ќе мора брзо да го заборави киксот со Лидс ако сака како прв фаворит да одговори на предизвикот в среда, во реваншот против Дортмунд, во којшто ќе брани резултат од 2-1. Милионерите во меѓувреме се вратија во победнички ритам со гостинскиот триумф од 3-2 кај Штутгарт, во којшто Халанд го продолжи постот и веќе шест меча нема дадено гол, ако се сметаат и настапите за Норвешка во мундијалките квалификаиции.

Покрај победите на ПСЖ и Дортмунд, Челзи влезе во ритам во вистинско време за да го сочува водството од 2-0 против Порто од првата средба, а лигашите победи на гости кај Кристал палас, односно Толдела, гарантираат возбудлив реванш на англискиот и португалскиот претставник.

Ливерпул го скрши малерот и конечно славеше на „Енфилд“, каде што падна Астон вила со 2-1, а Црвените на истиот терен за два дена ќе треба да направат сензација против Реал Мадрид и да надополнат резултат од 1-3. Кралевите, пак, реваншот ќе го дочекаат со огромна доза на самодоверба по добиеното Ел Класико против Барселона, по кои Реал оствари двоен овосезонски триумф над големиот ривал и потполно ја отвори трката за шампионската титула во Шпанија.

Учинокот од 6-2 ни најавува дека и оваа работна недела Лигата на шампионите ќе донесе нови возбудувања. Иако дел од екипите си ја завршија работата, големи се шансите да има и по некое изненадување, а кое ќе биде тоа, ќе може да се најде и да се типува во богата понуда на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести