Драматичното дерби за Работнички, МЗТ вторпат сезонава загуби од вечниот ривал

Работнички во драматичен финиш го доби дербито против МЗТ Скопје Аеродром со минимални 75:74 за втора победа на Центарци оваа сезона против вечниот ривал во лигашки рамки. Тимот од „Градски парк’ воедно ја продолжи серијата на шест победи во домашното првенство.

Иако МЗТ на стартот од дербито покажа дека повеќе ја посакува победата, домаќините ја испуштија од раце на 25 секунди до крајот. Мулалиќ погоди клучна тројка во тие моменти за водство од пола кош на Работнички, а МЗТ не го искористи последниот напад преку Гравет, кој наместо да поентира, го загуби поседот на топката на помалку од 4 секунди.

Избраниците на Мираковски конечно во третиот период стигнаа до прва предност воопшто на мечот и го држеа резултатот во своја корист до последните осум минути. Крстевски ги врза првите четири поени за домаќините во последниот период и донесе израмнување при 64:64, што беше најава за нов пресврт.

Нападот на Работнички доцна проработе во клучната четвртина, на две минути до крајот гостите постигнаа само пет поени. Тројката на Мулалиќ, со која Работнички поведе со 75:74 во последните 25 секунди, се покажа како клучна за 12-тата победа на најтрофејниот кошаркарски колектив.

Бундовиќ и Мулалиќ со по 16 поени го предводеа Работнички, додека Мекиќ со 18 поени беше најсветла точка кај поразените.

- Оглас -

Најнови вести