Дебакл за крај: Македонија загуби со 9:1 од Романија

Македонската футсал репрезентација го претрпе најубедливиот пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година. На гостувањето кај Романија, Македонија загуби со убедливи 9:1, што е само потврда за последното место во квалификациите на кои Босна и Херцеговина заврши како прва и обезбеди место на завршницата во Холандија, додека Србија како второпласирана ќе игра бараж. Романија заврши на третото место, додека „фенерот“ остана за Македонија.

Уште во 34-тата секунда со голот постигнат директно од корнер, Романија ја најави убедливата победа. Осум од деветте погодоци за Романија ги постигнаа натурализираните Бразилци во нивната селекција, Фелипе Оливеира и Савио постигнаа хет-трик, а по еднаш прецизни беа и Пауло Фереира и Рибеиро. Еден гол за Романија даде и Соч.

Единствениот погодок за Македонија го постигна капитенот Петровиќ во 25-тата минута, кога намали на 1:8.

На крајот од квалификациите, Македонија во шест одиграни меча не забележа ниедна победа и двата освоени бода беа благодарение на две нерешени средби, а четирипати загуби. Вкупната гол-разлика на крајот за нашиот состав е 8 дадени и дури 23 примени гола.

- Оглас -

Најнови вести